Машката одбојкарска репрезентација вечерва против Данска ќе го одигра третиот натпревар од Европската сребрена лига. По победите над Кипар и Изреале популарните „спартанци“ одат на победа и против Данска, репрезентација која исто така досега забележа две победи против истите противници.
Атмосферата во репрезентацијата е одлична и ништо освен победа не е во мислите на нашите одбојкари.
„Ова беше тежок натпревар, заморени сме затоа што се подготвуваме за предизвиците во елиминациската фаза, но дадовме максимум денеска. Ни беше важно да победиме и се надеваме дека формата ќе ни се подобрува со секој настап“, изјави Владо Милев по вчерашната победа.
Натпреварот против Данска е закажан за во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА