Репрезентациите на Данска и на Норвешка им се приклучија на Франција и на Германија меѓу полуфиналистите на Светското ракометно првенство по комплетирањето на последното коло во главната групна фаза. Селекцијата на ко-домаќинот Данска ја победи Шведска со 30-26 и со тоа си го обезбеди првото место на табелата во групата преку кое во полуфиналето вкрстува со второпалсираниот тим од другата конкуренција, а тоа е селекцијата на Франција откако „триколорите“ загубија од Хрватска во завршната рунда со 23-20.
Норвешка во последното коло ја победи Унгарија со 35-29 и во корист и оди поразот на Швеѓаните од Данска па обезбедува место меѓу најдобрите четири селекции. В петок во полуфиналето ќе се соочи со вториот ко-домаќин, Германија која како првопласирана ја заврши групата од главната фаза. Германците со победа од 31-30 над Шпанија го завршија овој сегмент.
Шведска и Хрватска како третопласирани ќе играат за петтото место во конечниот пласман на шампионатот. Шпанија и Египет преку четвртите позиции ќе се борат за седмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА