Репрезентацијата на Данска е првиот финалист на Светското првенство 2019 откако во полуфиналната пресметка буквално го демолираше бранителот на трофејот, селекцијата на Франција.
Данците сосема заслужно стигнаа до лесна победа од 38-30 (21-15). Уште во првото полувреме данските ракометари покажаа дека се цврсто решени да дојдат до борбата за светската титула стекнувајќи се со шест гола предност која потоа рутински ја одржуваа во вториот дел.
Незапирлив кај Данска беше Микел Хансен со 12 гола од 15 обиди, а со шест гола мечот го заврши Расмус Лаге. Кај Французите се издвои Кентин Мах со осум постигнати гола.
Во второто полуфинале од 20:30 часот ќе играат домаќинот Германија и Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА