Репрезентацијата на Данска на апсолутно доминантен начин се избори за финале против Хрватска на Светското ракометно првенство 2025, откако во полуфиналето убедливо славеше против Португалија.
Сега Данците ќе се обидат да стигнат до четвртата титула во низа на една Светско првенство. А, претходно во полуфиналето против Португалија постигнаа 40 гола рушејќи го рекордот на „златната генерација“ на Хрватска која предводена од Лино Червар во 2003 година во битката за финале постигна 39 гола во пресметката со Шпанија, и тоа се до вчера беа најмногу постигнати погодоци во едно полуфинале.
Тогаш Хрватска дури играше и продолженија за да дојде до таа бројка, а Данска триумфираше вчера во регуларниот дел.
Финалето меѓу Данска и Хрватска се игра утре (недела) во Осло со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА