Данска ја одбрани бронзата на ракометниот мундијал

Репрезентацијата на Данска ја освои бронзата на ракометниот мундијал за жени откако „црвено-белите“ ја добија скандинавската пресметка со селекцијата на Шведска со минимални 28-27. Данките со овој резултат го одбранија бронзениот медал што го освоија и пред две години на СП во Шпанија, но што е уште поважно – стигнаа до олимписки билет за учество на ОИ во Париз следното лето.

Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Данките доминираа од самиот почеток, контролирајќи го резултатот во речиси целиот натпревар. Шведска успеа да се врати на десетина минути до крајот и да го одведе „малото финале“ во неизвесен финиш, но данските ракометарки поддржани од домашните фанови во Хернинг стигна до победата.

Хојлунд, Хансен и Јоргенсен со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека Лин Блом со седум погодоци беше најдобра во шведскиот табор.

Се вчитува...