Еден од противниците на Македонија на Европското ракометно првенство 2022 во Унгарија и Словачка, репрезентацијата на Данска во „скандинавското дерби“ ја прегази Норвешка со 35-25 во последниот контролен натпревар пред континенталниот шампионат.
Уште во првото полувреме актуелните светски шампиони одиграа фуриозно и успеаја на противникот да му постигнат дури 21 гол и на пауза да заминат со позитива од плус шест (21-15). Во втророто полувреме малку ја смирија топката, но и тоа беше доволно за убедлива победа на крајот од 35-25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА