Данска ја „прегази“ Полска, Шведска обезбеди четвртфинале

Ракометарките на Данска целата фрустрација од поразот од Јапонија пред два дена ја исфрлија врз репрезентацијата на Полска која вечерва ја декласираа со убедливи 22-32 во натпревар од 4. коло од главната група 3 на Светското првенство на кое се коорганизатори заедно со Шведска и Норвешка.

Откако по првиот дел имаа позитива од само три гола (12-15) во вториот дел Данките уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до огромен триумф од 22-32. Јоргенсен и Остергард со по пет голови беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа шесте гола на Росиак.

И вториот коорганизатор (Шведска) стигна вечерва до победа со која се пласираше меѓу осумте најдобри на Мундијалот. Швеѓанките беа подобри од Унгарија со 22-26. Лингквист и Робертс со по седум гола беа први имиња кај Швеѓанките, додека кај Унгарија Вамос постигна шест.

Се вчитува...