Данска ќе го бојкотира Мундијалот во САД? Дали е ова шанса за Македонија

Политика која во моментов ја води претседателот на САД, Доналд Трамп би можело да и помогне на Македонија кога во прашање е битката за пласманотт на Светското првенство кое летово покрај во САД ќе се одржува и во Мексико и во Канада.

Според информациите на италијанска „Газета дело Спорт“ се зголемува бројот на европски земји кои размислуваат да го бојкотираат Мундијалот поради односот кој го имаат со САД.

Тоа што ја поврзува Македонија е што протестот го предводи токму Данска со која треба да играме во бараж во полуфиналето од баражот. Ова се случува по барањето на Доналд Трамп за анексија на Гренланд кон САД, која во моментов и припаѓа на Данска.

Доколку сето ова се случи Македонија директно ќе се пласира во финалето на баражот каде за противник ќе го има подобриот од двобојот меѓу Република Ирска и Чешка.

Се вчитува...