Данска назначи нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Данска денеска го назначи Брајан Ример за нов селектор. Ример потпиша двегодишен договор, до крајот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година.

Тој е на клупата за да го замени Каспер Хјулманд кој летово ја напушти репрезентацијата по Европското првенство во Германија и елиминацијата во осминафиналето. Оттогаш, репрезентацијата привремено ја водеше Мортен Вигхорст, но поради стрес мораше да ја напушти работата и наместо него тимот го презеде Ларс Кнудсен.

Данскиот фудбалски сојуз соопшти дека Кнудсен, Вигхорст и Даниел Агер ќе останат помошници на 46-годишниот тренер. 

Ример израснал во предградијата на Копенхаген, а бил тренер во Копенхаген, Брентфорд и Андерлехт.

На клупата на Данска ќе дебитира на 15 ноември против Шпанија во Лигата на нации. 

Се вчитува...