Данска ја одбрани титулата светски шампион откако во финалето во скандинавското дерби славеше над Шведска со 26-24. На крајот искуството и веројатно двајцата најдобри ракометари во свет, Микел Хансен и Никлас Ландин беа клучот за новата титула на Данска.
Првото полувреме течеше во егал, а на полувреме се замина со нерешен резултат 13-13. Во второто полувреме продолжи израмнетата игра се до 50. минута кога за првпат Данска стигна и до три гола разлика 24-21, а главни виновници за тоа беа феноменалните Микел Хансен и Никлас Ландин Јакобсен. До крајот Данска успеа да ја задржи разликата и на крајот да стигне до конечен триумф од 26-24. Микел Хансен со шест гола беше најефикасен во таборот на победникот, додека Ландин запиша 15 интервенции. Кај Шведска најпрецизен беше Ване со пет гола.
За Данска ова е втор наслов светски првак, а во моментов се и актуелни олимписки шампиони од игрите во Рио 2016.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА