ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Холандија триумфираше во второто коло од СП над Македонија, меч кој понуди атомски ракомет на теренот, но што за жал ќе биде запаметен по данските судии и нивната одлука на Македонија да не и биде дозволено да се врати во борбата за победата.
Катастрофалниот критериум, 12 пенали за „лалињата“, два црвени картони за нашите ракометари и седум исклучувања (две на Маркоски на почетокот, потоа и редовни суспензии секогаш кога Македонија ќе дојдеше на два гола разлика) беше главна причина што „лалињата“ на крајот славеа со конечните „плус пет“.
Избраниците на Лазаров го сторија она што селекторот го бараше од нив – се бореа лавовски 60 минути, но и тоа беше недоволно кога покрај силната противничка репрезентација за ривали ги имаа и судиите.
Погледнете ја галеријата со најинтересните моменти од овој супер-тензичен натпревар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
































