Данска се мачеше со Чешка, а потоа се појави „човекот-робот“: Дебелкото ја воодушеви Европа (ВИДЕО)

Голманот на Данска, Емил Нилсен имаше извонреден настап на стартот од Европското првенство за неговата репрезентација, убедливо најзаслужен за победата на неговата селекција од 23-14 против Чешка во Минхен.

Нилсен за 33 минути на паркетот одбрани 13 шута на противничкиот тим со неверојатни 72% одбрани, приредувајќи го пресвртот на мечот. Во еден момент „човекот-робот“, на седум минути пред крајот на натпреварот, имаше и 90% одбранети удари кон неговиот гол. Одбрани девет од првите 11 удари откако влезе во игра.

А, се до 25 минути од мечот Чешка имаше водство од 9-8 против Данците. И тогаш на голот на Данска застана Нилсен па се до крајот на натпреварот, и неговата селекција откако тој влезе во игра имаше 5-15 за конечна победа од 14-23.

Неверојатниот Нилсен прими само пет гола за 33 минути, а после мечот сосема заслужено го доби признанието за најдобар играч на натпреварот.

Се вчитува...