Репрезентациите противници на Македонија на Европското првенство во Данска продолжуваат со подготвителните дуели пресрет почетокот на континенталниот собир во Скандинавија.
Токму домаќинот Данска кој е прв противник на нашите ракометари денеска прв одигра пријателски меч против репрезентацијата на Грција кој го доби без поголеми проблеми. Данците во текот на целиот меч имаа предност и на крајот стигнаа до конечен триумф од 38-24.
Покрај Данска, Македонија на еврошампионатот ќе игра против Португалија и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

