Данска живее за ракомет, фан-зоната во Хернинг го одзема здивот (фото)

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

 

Данска го живее ракометниот сон со доминацијата на големите натпреварувања, а организаторите во Хернинг се погрижија навивачите да имаат искуство за паметење во фан-зоната од арената „Јиске Банк Боксен“.

Стотици фанови беа присутни пред денешниот прв меч меѓу Шпанија и Србија уживајќи во извонредната организација на фан-зоната, во која има музеј за ракометните успеси на оваа земја, десетина ракометни голови на кои може да се натпреваруваат во најразлични дисциплини (брзина на шут, прецизност…), фан-шоп за купување на навивачки реквизити, но и еден дел издвоен за дресови на ракометни екипи од Данска, кој делува навистина импресивно.

Навивачите, од мали деца до баби и дедовци со 70+ години, уживаат во пријатната атмосфера, која дефинитивно ќе биде уште подобра утревечер, кога Данска ќе го отвори својот настап на шампионатот токму против Македонија.

Се вчитува...