Младиот дански тенисер Холгер Руне по втор пат во кариерата доби автомобил како турнирска награда, но проблемот е што се уште нема возачка дозвола.
Младиот Данец во финалето на АТП турнирот во Минхен во неделата го победи Холанѓанецот Ботич ван де Зандшулп, а заедно со паричната награда доби и ново луксузно БМВ, eлектричен автомобил од спонзорот на турнирот.
Пред една година Руне го освои својот прв АТП турнир во кариерата во Минхен и тогаш доби автомобил како награда.
„Два спортски автомобили, но сепак без возачка дозвола. Се уште ја немам земено мојата возачка дозвола. Тоа е на мојата листа, но потребно е многу време“, изјави Руне.
Руне додаде дека на крајот од оваа сезона конечно треба да го положи возачки испит и да добие дозвола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

