Данскиот фудбал завиен во црно: Почина долгогодишниот тренер на голманите во репрезентацијата

Данскиот фудбал е завиен во црно по веста дека почина Лар Хог, легенда на данскиот фудбал, на репрезентацијата и на фудбалскиот клуб Одензе. Хог ја загуби битката со канцерот со која се бореше неколку години.

Хог како голман ја мина целата кариера во еден клуб, во Одензе за кого одигра преку 900 натпревари, а потоа продолжува да работи во фудбалот како тренер на голманите на Алборг, Виборг, Одензе и Брондби. Во 2007 година станува и тренер на голманите на репрезентацијата, функција која ја извршуваше до оваа година.

Хог беше дел од онаа славна генерација на Одензе која го порази тимот на Реал Мадрид, што се смета за најголема победа на овој дански тим.

Се вчитува...