Данска во последното коло на ракометниот Мундијал, очекувано, го совлада Тунис со 34-21, и како прва во групата се пласираше во следната фаза на Светското првенство. Таму Данците за место во 1/4 финале ќе се борат со Хрватска, САД и Египет, а веќе утре играат против Хрватска од 20:30 часот.
Најдобар на мечот со Тунис беше прогласен Матиас Гидсел кој постигна осум голови од 12 обиди. Гидсел на крајот од мечот беше незадоволен од својата игра, и додаде како не ја заслужува таа награда. Толку го погоди што натписот за играч на мечот го остави во салата.
„Не заслужувам да го носам тоа со себе, и не знам каде заврши наградата, и не ме интересира. Обично ја давам на навивачите, и не сакам тоа да го влечам со мене“, рече Гидсел.
„Ландин беше фантастичен. Во секој случај не не интересираат такви награди. Оваа не беше целосно заслужена. Беше фрустрирачки меч за мене, затоа што не реализирав некои шанси“, рече Гидсел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА