Данскиот селектор: Уморен сум од смешни ракометни правила!

Германија ја победи Данска со 2-0 во осминафиналето на ЕП, со што обезбеди пласман во четвртфиналето каде ќе игра против победникот од мечот меѓу Шпанија и Грузија.

Головите ги постигнаа Каи Хаверц од пенал во 53. минута и Џамал ​​Мусиала во 69. минута. По натпреварот изјава даде данскиот селектор Каспер Хјулманд, кој ја водеше репрезентацијата во последните четири години.

„Последниве години покажавме дека сме блиску до големите тимови, но недостасува само едно: мора да создаваме и да искористиме повеќе можности. Нашата амбиција е да бидеме егал со големите тимови – работиме  за да создадеме подобри играчи и понекогаш стигнуваме до полуфинале, понекогаш не. Сакаме да бидеме како Хрватска, која имаше неколку одлични години. Резултатот беше одлучен со две ВАР одлуки. Имам фотографија, околу еден центиметар е. Нема смисла, не треба вака да користиме ВАР, тоа е еден центиметар и по неколку минути имаше удар од белата точка. Доста ми е од смешните ракометни правила. Не можеме да бараме од одбраната да трча и да ги крие рацете“, изјави Хјулманд. 

Данска шампионатот го заврши со еден пораз и три нерешени средби откако во групата Ц ремизираше со Словенија, Англија и Србија.

Се вчитува...