Двократниот европски шампион Вардар има водство на полувреме од 15-14 против Бенфика во третиот натпревар од главната групна фаза во Лигата на Европа.
Вардарци отворија цврсто во одбраната не дозволувајќи му на противникот ниту да упати шут во првиот напад, а првиот гол на мечот беше дело на покерот Јанковски за 1-0.
За разлика од првиот меч Вардар вечерва на почетокот беше многу подобар во одбраната, но и гостите одиграа многу поцврсто па по 10 минути игра на семафорот нашиот тим имаше предност од 3-2. Во игра влезе Милан Лазаревски и веднаш се виде неговото присуство на теренот. Постигна два гола во низа за првпат плус три 5-2, по кои гостинскиот тренер мораше да го повика својот прв тајм аут.
И по минутата пауза Валах продолжи да брилјира на голот на Вардар. Неговите интервенции дополнително го еруптираа вулканот во “Јане Сандански”, а неговите соиграчи во нападот го следеа па со голот на Воркапиќ од пенал во 16 минута Вардар за првпат стигна и до плус четири 7-3.
Иако Валах беше одличен на голот, големиот број технички грешки го чинеа македонскиот тим и поголема предност, а откако гостите намалија на 7-4 во 18 минута и Иван Чупиќ се одлучи да го побара својот прв тајм аут на мечот.
Данските судии Паг и Тигесен во стилот на нивните постари колеги ја земаа работата во свои раце во продолжението. Судеа исклучувања за Вардар и пенали за Бенфика како на трака, па Португалците на три минути до крајот на првиот дел дојдоа на само минус еден 13-12. И покрај сето тоа Вардар остана сконцентриран и на пауза замина со позитива од 15-14.
Воркапиќ и Да Силва со по четири гола се најефикасни во таборот на Вардар, додека кај гостите Валенсија, Мореира и Силва постигнаа по три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

