Кошаркарот на Далас Маверикс, Данте Егзум, сепак, нема да ја напушти НБА.
Бројни кошаркарски инсајдери и европски медиуми пишуваа дека Егзум ќе се врати во Европа ова лето засилувајќи го или Фенербахче или Панатинаикос.
Сепак, добро информираниот Марк Штејн носи информации дека поранешниот кошаркар на Партизан и австралиски репрезентативец ќе остане во НБА. Далас Маверикс се подготвени да го продолжат договорот на својот плејмејкер и поранешен петти пик на НБА драфтот.
Повредите ја забавија кариерата на Егзум, и во неговиот втор мандат во НБА одигра само 75 натпревари во две сезони, но беше ефикасен од клупата со 8 поени, 2,8 асистенции и 2,4 скока за 19,5 минути по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

