Данците газат се пред себе – Лесна победа над Аргентина за три од три на ЛОИ

Ракометарите на Данска продолжуваат со одличните партии на стартот на ракометниот турнир на Летните олимписки игри во Париз. По воведните две лесни победи Данците вечерва без поголеми проблеми славеа и против Аргентина со 38-27.

Актуелниот светски шампион подобро го отвори натпреварот и веќе по триесет минути игра имаше солидни пет разлика 19-14. Во вториот дел избраниците на Јакобсен само рутински го приведоа мечот за конечни 38-27.

Матиас Гидсел со 13 гола повторно беше најдобар поединец кај Данците, додека кај поразените Пабло Симоне, Пизаро и Паркер постигнаа по пет гола.

Се вчитува...