Данците го надиграа Египет за „два од два“ на ЛОИ

Ракометната репрезентација на Данска стигна до втората победа на Летните олимписки игри во Париз откако ја потврди фавортската улога во средбата против Египет славејќи со 27-30.

Данците одлично го започнаа натпреварот и во раната фаза стекнаа комотна предност од 1-5. Египет на момент успеа да се врати во средбата и намали на 5-6, но како што минуваа минутите европската држава го засили интензитетот за +10 (9-19) на полувремето. Вторите 30. минути донесоа подобра игра на Египет и преполување на негативата, но Египјаните немаа сили за сензационален камбек, туку само го ублажија поразот.

Данска оваа победа ја доближи до едно од првите четири места во групната фаза во која се наоѓаат уште Норвешка, Унгарија, Аргентина и Франција.

Се вчитува...