Селекторот на Данска, Брајан Ример, го соопшти репрезентативниот список за претстојниот бараж натпревар против Македонија за пласман на Светското првенство 2026.
На списокот се најдоа 25 фудбалери за двата мартовски бараж-дуелина Данците, предводен од искусниот Кристијан Ериксен но и напаѓачот на Наполи, Расмус Хојлунд, како и Густав Исаксен (Лацио), Вилијам Осула (Њукасл). На списокот се и Пјер-Емил Хојбјерг, Микел Дамсгард и Мортен Хјулманд што доволно зборува за квалитетот на данската селекција.
Но, Ример се соочува и со доста проблеми пред дуелот со Македонија, поради отсуствата на Каспер Шмајхел, Јоаким Андерсен, кој ќе паузира поради жолти картони, но и Доргу и Андреас Кристенсен. Прв голман на Данците против Македонија, ќе биде обично третиот репрезентативен голман, Мадс Хермансен, член на премиерлигашот Вест Хем.
Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март на „Паркен“ во Копенхаген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

