Данска уште еднаш покажа зошто важи за главен фаворит за златото на ЕП 2024 откако актуелниот светски шампион стигна и до шестата победа во низа, овојпат над Норвешка со убедливи . Сите шанси за сензација на Норвежаните исчезнаа за помалку од дваесетина минути, колку што беше потребно за Данска да ја осигура победата, резултат на кој се радуваа и Швеѓаните кои на едно коло до крајот го осигураа второто место и пласманот во полуфиналето.
Во седмата минута резултатот гласеше 5-4 за Данска, по што избраниците на Јакобсен влегоа во турбо-ритам, за кратко полнејќи ја противничката мрежа и поведувајќи со 13-5. Бјорнсен ја прекина данската серија, но фаворитот рутински ја одржуваше предноста во првото полувреме, на одмор заминувајќи со 18-11. Норвешка на почетокот од второто полувреме успеа да спушти на „минус четири“ (19-15), но тоа беше се што успеа да стори бидеји Данска рутински го приведе мечот до крај, за конечни .
Нилсен имаше уште еден одличен меч на голот на Данска со 15 успешни интервенции, Гидсел Питлик и Линберг беа најефикасни со по пет погодоци, додека прв стрелец на Норвешка беше Блонц со пет постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА