Македонија има позитивни 0-0 по првото полувреме на гостувањето против Данска во Копенхаген во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2026. Данците напаѓаат на дуелот, со неколку можности но одличен на голот е нашиот чувар на мрежата Столе Димитриевски кој интервенираше во неколку наврати, пред главно јаловите напади на домашните.
По крајно мирен почеток на мечот, без ниту една шанса на двете страни, првата можност ја имаа Данците дури во 14. минута од средбата, кога Хојлунд шутираше откосо, но неговиот шут од десеттина метри блокиран во корнер.
Данците, кои играа без стандардните првотимци во одбраната, оставаа огромен простор за наша игра на нивна половина, но Ќамили и Чурлинов во два наврати не знаеја да го искристат тоа, за малку немоќни во обидот да го загрозат противничкиот гол.
И првата вистинска шанса за домашните во 17. минута кога Меле сам се изби по левата страна, но Димитриевски го одбрани неговиот шут од непосредна близина.
Во 25. минута, Хојбјерг одлично шутираше од околу 22 метри, но Димитриевски повторно одлично интервенира. Во 38. минута обид и на Бах од 25 метри, но покрај македонскиот гол.

Данците се обидуваа преку шутеви од далечина, но сето тоа безопасно се до 39.минута кога по нападот на Исаксен по десната страна, нашиот голман одлично интервенираше пред Хојлунд.
Сето тоа за 0-0 на полувремето. Македонската селекција немаше ниту еден директен шут кон голот на противникот, но во првиот дел неутрализирани „импотентните“ Данци.
ПЛЕЈОФ БАРАЖ ЗА СП 2026 – ПОЛУФИНАЛЕ
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 0-0 (прво полувреме)
Паркен стадион во Копенхаген. Гледачи: 37.000. Главен судија: Феликс Цвајер. Помошници: Кемптер и Шал. Четврти судија: Сиберт. ВАР СУДИЈА: Данкерт (сите од Германија)
ДАНСКА: Хермансен, Бах, Норгард, Нелсон, Меле, Хојберг, Хјулманд, Дамсгард, Исаксен, Фрокхолт, Хојлунд
Селектор: Брајан Ример
МАКЕДОНИЈА: Димитроевски, Чурлинов, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Херера, Барди, Атанасов, Елмас, Ќамили, Растодер
Селектор: Гоце Седлоски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

