Екипа во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Данска славеше со убедливи 34-23 во дербито на второто коло од групата А во Дебрецин, дуел на кој актуелниот светски првак ја демонстрираше својата моќ.
Словенците со потајни надежи за изненадување влегоа во натпреварот, но издржаа само дваесетина минути во темпото што го наметна моќната данска ракометна машинерија. По водството на Словенија од 9-8 следеше одлична серија на скандинавската селекција, за пресврт и предност на Данска од 14-16 на паузата меѓу двете полувремиња. Сите дилеми околу победникот беа разрешени на почетокот од вториот дел, Ландин беше одличен на голот, Данците се распукаа од сите оружја во нападот, а позитивата се повеќе се зголемуваше. При водство од 19-27 данските ракометари промашија и зицер од контранапад, Словенците за момент намалија до „минус шест“, но следеше нова серија на „црвено-белите“, кои заслужено го добија овој меч со 34-23.
Хансен беше прв стрелец со осум гола, еден повеќе од Гидсел, а најефикасен кај Словенија беше Мачковшек со шест постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА