Данците шокирани од ладната сала: Мизерни услови во Битола (видео)

Данска важи за ладна земја, но ракометарите на ГОГ Гудме ќе имаат нова дефиниција за студ по денешното гостување во Битола на екипата на Еурофарм Пелистер во рамките од Лигата на Европа.

Салата „Боро Чурлевски“ со години наназад има огромни проблеми со загревањето во зимскиот период, а во период на ледени температури низ цела Македонија, може само да замислиме колкав е студот во битолската спортска арена.

Данците објавија видео со наслов: Капа и ракавици во сала, ГОГ дочекан со мизерни услови, шокирани од она што го сретнаа при влегувањето во салата.

Се вчитува...