Ракометната репрезентација на Данска стигна до златниот медал на машкиот турнир на Летните олимписки игри во Париз, откако во финалето кое беше само на хартија, ја прегази репрезентацијата на Германија со убедливи 39-26.
Данците почнаа фуриозно уште од самиот старт и веќе на почеток беше јасно која репрезентација ќе стигне до златото, откако на полувреме скандинавците имаа предност од убедливи 21-12.
Во вториот дел избраниците на Јакобсен само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 39-26. За истакнување е тоа што денеска својот последен натпревар го одигра легендарниот дански ракометар Микел Хансен, кој по игрите во Париз става крај на кариерата.
Maтијас Гидсел со 11 гола беше убедливо најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Јури Кнор постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА