Досегашниот играч на Скопје, крилниот напаѓач Дарио Десниќ, е нов фудбалер на Вардар. Тој потпиша договор со „црвено-црните“ на една година.
Десниќ покрај Скопје, во минатото има настапувано за Борец, Тетекс, Кадино и Силекс. Игра и на левата и на десната крилна позиција.
Десниќ е третото ново име во редовите на Вардар после Јован Попзлатанов и Симеон Христов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА