Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски стигна до сребрениот медал на трката на 3.000 метри на Балканското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција.
Ивановски на првенството во Истанбул патеката од 3.000 метри ја истрча со време од 8:03.65 минути, што е нов македонски рекорд подобар од претходниот за цели 11 секунди.
Со извонредната трка на Балканското првенство, Дарио Ивановски успеа да освои и норма (8:05) за Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Глазгов, Шкотска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА