Македонскиот маратонец Дарио Ивановски, го освои четвртото место во дисциплината полумаратон одржан во Белград, во склоп на маратонот.
Дарио делницата долга 21.097 километри ја истрча за време од 1 час, 7 минути и 22 секунди. Ивановски одлично им пркосеше на маратонците од Африка, кои беа доминантни на оваа трка.
Победник на полуамраторнската трка беше Кениецот Муалуко Михаел, кој ја мина целта за време од 1:03.38. На второто место беше Демис Анегагренг Гемеда, додека трет Абдел Годан Гемеда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА