Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски денеска постави нов национален рекорд на светски признатиот маратон во Севилја испушувајќи историја за македонската атлетика.
Со време од 2:08:25 часа, Ивановски го подобри досегашниот свој рекорд за цели триипол минути во исклучително силна конкуренција меѓу 250 елитни маратонци од целиот свет, на крај завршувајќи на 20. место на престижниот маратон во Севилја.
„Во конкуренција на елитните маратонци кои денеска беа во Севилја да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим, меѓу нив беше и македонскиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски кој оствари извонреден резултат од 2:08:25, што е само 15 секунди до олимписката норма за Париз , што представува нов македонски рекорд и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим. Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките Игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз. Досегашниот македонски рекорд кој Дарио го постави на 3 декември 2023 во Валенсија (Шпанија) изнесуваше 2 часа 11 минути и 53 секунди“ – информираа од Македонскиот олимписки комитет.
Сето тоа значи дека Дарио Ивановски, согласно денешниот пласман, според остварениот резултат, речиси со една нога веќе обезбедува учество на маратонската трка на ЛОИ 2024 во Париз. Се очекува, според ранг на листата на најдобрите светски маратонци да се најде на Олимписките игри во Париз, ако се знае дека е на само 15 секунди од официјалната норма (2:08.10 часа).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

