Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски на Балканското првенство во Србија успеа да го урне државниот рекорд на 5.000 метри истрчувајќи ја делницата за време од 14:02.32 минути.
Со овој резултат тој го освои третото место на Балканското првенство, а го урна 39 години стариот рекорд на Стевче Ѓорѓиевски за повеќе од четири секунди (14:06.52 минути).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА