Дарио Ивановски го заврши маратонот во Париз на 69 место, падна нов олимписки рекорд

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски, го заврши настапот на маратонот на Летните олимписки игри во Париз на 69. позиција, од 81 натпреварувач. Ивановски на патеката во Париз не успеа да дојде до личен рекорд, и ја истрча трката за 2:28:15.

Позади Дарио остана и олимпискиот победник Елуид Кипчоге кој не ја заврши трката и се откажа на 30 километар.

Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал. Тој заврши со време 2:06:26, и го подобри олимпискиот рекорд за шест секунди. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медалсо време од 2:07.00.

Се вчитува...