Дарио Ивановски го заврши маратонот во Севиља со трето најдобро време во кариерата

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, го заврши маратонот во Севиља, Шпанија со време 2:12.23, што беше доволно за 38. место во конечниот пласман. Ивановски на оваа патека го постави националниот рекорд на маратон пред две години со 2:08.25. Ова воедно беше трето најдобро време на Ивановски во кариерата во дисциплината маратон.

Ивановски имаше одлично минување на првиот дел, односно полумаратон со време 1:03, но во вториот дел од патаката следуваше мал пад, што влијаеше на конечниот резултат на трката.

Првото место му припадна на Шура Китата кој во драматичен фото финиш заврши зад Асрар Хијрден.

Се вчитува...