Дарио Ивановски и официјално потврден меѓу 82 маратонци кои ќе учествуваат на ЛОИ 2024

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски и официјално потврден на листата учесници на Летните олимписки игри 2024 во Париз.

По истекувањето на рокот за пласман, следуваше неделата во која пласираните требаше да го потврдат своето учество.

Во дисциплината маратон каде беше пласиран Дарио Ивановски, учеството го откажаа двајца атлетичари и со тоа конечната бројка на учесници е вкупно 82 маратонци.

Се вчитува...