Македонскиот рекордер во маратонско трчање Дарио Ивановски, кој е олимписки стипендист на МОК, денеска во посета на Македонскиот олимписки комитет на средба со претседателот Даниел Димевски.
Димевски на средбата со огромно задоволство и чест го поздрави неговиот успех, потенцирајќи ги личните и заложбите на МОК за максимална поддршка на еден од најдобрите македонски спортисти кој се очекува да ја претставува Македонија на ЛОИ 2024 во Париз.
Ивановски на средба во МОК е по постигнатиот нов државен рекорд на маратонската трка во Севилја, Шпанија, по што и официјално ќе учествува на Европското првенство во Рим, кое се одржува од 7. до 12. јуни оваа година.
„МОК секогаш ќе се бори за развој на националниот спорт според начелата на олимпизмот и подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки“ – истакна Димевски на приемот на Дарио Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА