Дарио Ивановски победник на 5.000 метри на Европското првенство 3-та дивизија

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, беше најбрз на трката на 5.000 метри во Марибор, Словенија, на Европското првенство 3-та дивизија. Ова беше втора победа на Македонија на Европското екипно првенство.

Ивановски ја заврши трката со време од 14:04,06 минути, што е негов најдобар резултат во оваа сезона, но за 10 секунди полошо од неговиот рекорд на кариерата.

Дека немаше конкуренција, говори фактот што второпласираниот Балдвин Магнусон од Исланд, заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите беа престигнувани и за еден круг.

Претходно првото место во скок во далечина го освои Андреас Трајковски.

Се вчитува...