Дарио Ивановски последен на 3000 метри на ЕП во сала

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои последното место на трката на 3000 метри на Европското првенство во сала кое се одржува во Истанбул, Турција. Тој делницата во првото полуфинале ја помина со време од 8:17.93 минути што беше убедливо најлош резултат во квалификациите.

Македонецот на стартот на трката го презеде водството и го држеше темпото. Како одминуваше трката фаворитите избрија во преден план, па нашиот најдобар атлетичар не можеше да го прати нивниот чекор и на крајот заврши како последен во својата група.

Инаку Ивановски истрча скоро дваесет секунди поспоро од неговиот најдобар резултат и национален рекорд на Македонија 7:58.48 минути кој го постави токму во Турција.

Се вчитува...