Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на Македонија на трката на 1.500 метри на Медитеранските игри во Тарагона.
Ивановски трчаше во втората полуфинална трка на 1.500 метри завршувајќи со време од 3:47.21 минути што е ново најдобро македонско време на сите времиња. Македонскиот атлетичар го подобри своето најдобро време за повеќе од 4 секунди.
Дарио Ивановски заврши на седмото место во втората полуфинална трка единствено пред репрезентативецот на Андора. Првото место во втората полуфинална трка го освои Мароканецот Брахим Казузи со време од 3:44.75 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА