Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски е новиот државен шампион на 10.000 метри.
По извонредниот успех и победата на белградскиот полумаратон пред една недела, Ивановски денеска само ја потврди доминацијата и на домашната сцена.
Овој триумф, иако е постигнат без посакуваниот резултат, со оглед на тоа што поради доминацијата во однос на конкурентите водеше соло-трка, е добра најава пред Скопскиот маратон кој го очекува на 7. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА