Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски постави нов државен рекорд на Македонија во дисциплината 1.500 метри во сала на Медитеранските игри за атлетичари до 23 години кои се одржуваат во Мирамас, Франција.
Ивановски трката во Мирамас ја истрча со време од 3:50.90 минути што е нов апсолутен рекорд на Македонија, конечно рушејќи го времето на долгогодишниот владетел во оваа дисциплина Ване Стојанов.
Претходното најдобро време на Ивановски беше 3:51.83 истрчано на Светското првенство во сала минатата година во Бирмингем, Велика Британија, сега подобрувајќи го личниот рекорд и за речиси една секунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА