Дарио Ивановски со нов македонски рекорд на 10.000 метри!

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, уште еднаш ја потврди својата доминација поставувајќи нов национален рекорд на 10.000 метри.

На Купот на Македонија, одржан на Националната арена „Тодор Проески“, Ивановски ја претрча делницата од 10 километри со време од 29:07.94 минути.

Дариот Ивановски кој својот врв во кариерата го имаше на настапот на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година, ги држи сите македонски рекорди на долги патеки.

 

Се вчитува...