Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски е првиот од македонските спортисти кој со активности ја заврши изминатата и почна новата 2026 година.
Ивановски, на традиционалната новогодишна улична трка „Сан Силвестре“ во Мадрид, Шпанија, во исклучително силна конкуренција постави нов македонски рекорд на 10 километри на пат.
Дарио Ивановски, член на Атлетскиот клуб „Скопски Маратон“, истрча фантастични 29:00 минути, со што го подобри сопствениот и македонски рекорд. Претходниот рекорд од 29:56 минути Дарио го постави во 2024 година во Гевгелија.
Во Мадрид, тој го освои 17. место, додека победата ја однесе Џефри Камворор од Кенија со резултат 27:41 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

