Еден од најдобрите македонски атлетичари, Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското првенство во полумаратон кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај бе“.
Ивановски полумаратонот од 21 километар го истрча со време од 1:04.45 часа, што е нов државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција. Македонскиот атлетичар на тој начин ја одбрани балканската круна добиена и минатата година на полумаратонот во Тирана. Второпласиран на трката заврши Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:04:25, а трет Романецот Стефан Иулис Гавлила со 1:07:42.
Во женска конкуренција победи Луиза Гега од Албанија, една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчез и финалистка на последното Светско првенство, со време од 1:14:30 часа. Второто место го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета заврши Бугарката Девора Аврамова.
Во рамки на „Трчај бе“ се одржа и Државното првенство во полумаратон. Во машка конкуренција првите три места ги освоија Дарио Ивановски, Жан Тосев и Мартин Трајановски, додека кај жените Тамара Јолевска-Попов, Марија Остојиќ и Жанета Богатиновска-Илиева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА