Дарио Ивановски со нов рекорд победник на „Охрид трчаТ 2019“

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов рекорд е победник на трката на 10 километри од третото издание на „Охрид трчаТ 2019“.

Ивановски, како член на АК Делта, патеката од 10.000 метри, по крајно врнежливо време, ја истрча со време од 31 минута и 55 секунди во конкуренција на 280 атлетичари кои ја завршија трката.

Втор заврши Милош Ранчиќ со време од 34 минути и 17 секунди, а трет Муџахит Мислимоски со 34 минути и 41 секунда, пред Атанас Анчевски кој беше четврти од АК Делта со време 35 минути и 7 секунди.

Во женска конкуренција, тримфираше Теодора Симовиќ од Србија со 37 минути и 56 секунди. На второто место заврши Адријана Поп Арсова од АК Делта со време – 39 минути и 10 секунди. Трета беше Билсерин Сулејман од Бугарија со време 40 минути и 41 секунда.

 

На трката на 5 километри, триумфираше Кристијан Стојани од Македонија со време од 18 минути и 33 секунди, пред Дејан Ангелоски и Наум Танески. Во женска конкуренција на 5 километри победи Елена Даниловска пред Ангела Чингоска и Весела Панчева од Бугарија.

Се вчитува...