Дарио Ивановски трет на полумаратонот во Белград

Денеска во Белград се трчаше зимскиот полумаратон, на кој нашиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши на третото место на пиедесталот.

Маратонецот кој трчаше на овогодинешните олимписки игри во Париз, ја имаше најуспешната сезона во кариерата.

Дарио Ивановски ја заврши трката за време од 1:06.15. Првото место беше за Елзан Бибиќ од Србија кој ја заврши патеката со време од 1:02.49.

Меѓу првите десет беше и Жан Тосев, а на 11 место беше Кристијан Стојани.

Се вчитува...