Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ следната сезона би можел да се врати назад во Европа каде за негов ангажамн постои сериозен интерес од Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Искусниот крилен центар е веќе девет години во НБА лигата, но полека ја губи важноста во тимот. Тој оваа сезона е дел од Денвер Нагетс, но не добива шанса и во моментите кога поради повреда надвор од составот е Никола Јокиќ.
Последен тим на Шариќ во Европа е Анадолу Ефес за кој настапуваше од 2014 до 2016 година пред да заигра за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома и Голден Стејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА