Како што пренесува „Спортске новости“, поранешниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ, кој е одговорен за спортскиот дел во клубот, би можел да го плати цехот по синоќешниот дебакл на Динамо Загреб на гостувањето против Балкани во Косово во Конференциската лига на УЕФА.
Шимиќ моментално е член на Управата на клубот и апострофиран како човек кој, иако задолжен за тоа, не направи ништо кога се работи за доведување адекватни фудбалери во соблекувалната на тимот.
„Веќе на првиот состанок на Извршниот одбор на Днамо, кој следи наскоро, може да се случи Шимиќ да биде разрешен. Направени се промашувања при доведувањето играчи и сега Шимиќ е истакнат како најголем виновник за тоа“ – пишува „Спортске новости“.
Што се однесува до тренерот Сергеј Јакировиќ, тој има поддршка од раководството, а денеска и самиот донел одлука дека ќе го води денешниот тренинг на тимот, останувајќи во средината која денес ниту од далеку не е совршена каков што некогаш беше Динамо.
Освен очајните резултати сезонава, навивачите најмногу ги загрижува играта која воопшто не ветува дека нештата ќе може да се поправат во блиска иднина. Сега веќе прашање е и дали Динамо може да ја помине и оваа прелесна група со Плзен, Балкани и Астани во Конференциската лига, а во хрватскиот шампионат е зад Хајдук и Ријека на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА