Хрватскиот репрезентативец Дарио Срна е позитивен на допинг тестот по дуелот меѓу украински Шахтјор и италијанскиот Наполи на отворањето на сезоната од Лигата на шампионите, пренесуваат украинските медиуми.
Иако се уште нема официјална информација од Шахтјор, украинските медиуми пренесуваат дека Срна паднал на допинг тестот. Од Шахтјор објавија единствено дека наскоро ќе се појават во јавноста со официјална информација на оваа тема.
Срна во победата над Наполи од 2-1 одигра 90 минути. По овој дуел го пропушти натпреварот од домашното првенство против Черноморец во Одеса, што ги засили шпекулациите за позитивниот допинг тест.
За 35-годишниот Срна, доколку се потврдат информациите и би следела суспензија од ФИФА и УЕФА, тоа сигурно би значело и крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА